top of page

Прополис

Прополисот е природна храна и лек кој му помага на организмот на бројни начини, а тоа е познато со векови наназад во народната медицина. 
Доколку имате проблем со имунитетот, често настинувате или имате болки во грлото, пчелиниот прополис е одлично решение за подобро здравје.

Прополис Капки

Прополисот е природно средство за борба против настинките, кое современата медицина се повеќе го препорачува како замена или дополнување на класичните терапии

Прополис во шишенце со капалка

Прополис

Прополис Спреј

Прополисот е природно средство за борба против настинките, кое современата медицина се повеќе го препорачува како замена или дополнување на класичните терапии

Прополис во практично спреј пакување.

Propolis

ПРОПОЛИС   
состав и примена

       * Прополисот е смолеста материја со зеленкасто-жолта, ретко црна или во разни нијанси помеѓу овие бои, со карактеристичен пријатен мирис.

       * Со систематски испитувања е утврдено дека прополисот е составен од околу 70 компоненти од кои се испитани нешто повеке од  1/3.

       * Во прополисот се пронајдени флавоноиди, органски киселини, алдехиди, естри, алкохоли, аминокиселини и др.  Пронајдени се  17 аминокиселини и многу минерални материи: бариум,  алуминиум, железо, калциум, силициум, фосфор, манган, бакар, цинк, сребро, кобалт, титан, магнезиум, калиум и др. Ги содржии витамините В1, В2, В6, С1, Е, никотинска, пантотинска киселина...

         

       * Лековитите својства на прополисот се познати од дамнешни времиња. Народната медицина го користела прополисот за лечење на рани и гнојни воспаленија.

       * За употреба на прополисот посебно за лековити цели постојат сознанија од стариот Вавилон, Египет, арапскиот свет, Рим, и други земји. Свештениците, треварите и исцелителите го употребувале прополисот и другите пчелни производи за припремање на лекови, масти,  мелеми против кожни болести и рани, за мумифицирање  на мртвите и т.н.

      * Према старите извори прпоплисот го употребувале читава плејада научници и на лекари. Меѓу нив најпознат е Авицена, Персиски филозоф и лекар.

      * Прополисот го употребувал и основачот на медицинските науки Хипокрит и филозофот Аристотел.

         

      * Со научни испитувања е утврдено дека прополисот по своите својства е чист антибиотик према кој за разлика од хемиските препарати никој не постанува имун, ниту предизвикува штетни реакции во организмот.

      * Прополисот делува против микроби, габи, вируси, и има анестетичко дејство.

      *  Прополисот има бактерицидно дејство (ги уништува бактериите) и бактериостатичко (го запира развојот на бактериите). Бактериите не можат да се адаптираат на прополисот. Тој не е отровен и не ја уништува цревната флора.

      * Прополисот ја зголемува против микробната активност на одредени антибиотици.

      * При примената на прополисот не доаѓа до појава на резистенција и многу мал број на луѓе се преосетливи на прополис.

      * Во нормални услови прополисот ја зачувува антибактериската активност 3 до 4 години.

      * Во повеќето Европски држави прополисот не е на листата на лекови.

      * Во современата медицина се повеќе се препорачува како превентива, и се користи како додатна природна терапија во лекувањето на многу заболувања.

      * Прополисот нашол широка примена како помош при лекувањето на повеке заболувања.

      * Заболувања на дишните органи

        Rinitis, sinusitis, tonilitis, bronhitis, laryngitis, traheitis,  асматичен bronchitis,  лесни форми на бронхиекстазија, туберколоза на градите.

      *Заболувања  на  периферниот  нервен  систем                                                    

Radikulitis, ишијас, pleksitis, neuralgija neuritis …

      * Кожни заболувања

Neurodermitis, stafilo  и  streptodermitis, микотични заболувања, брадавици, микробни екцеми, оштетувања на кожата, гнојни рани, тешко зараснувачки рани фурункула, изгоретини,  алопекија, трихофитија, прурига и др .

       * Заболувања на системот за варење

Afta, gastritis, Чиреви, колитис, дисперзија и др.

      * Гинеколошки заболувања

 Kolpitis, trihomanas vaginalis, ерозија на грлото на матката, зболување на зглбовите.

      * И други заболувања

 Оштетувања од зрачења,  puplitis, paradentopatija, gingivitis, забоболка ...

      * Прополисот се примеува орално и надворешно. Во зависност од намената се користи во гранули, масти, емулзии, раствори со различен процент на прополис

      * Начесто се користат прополис капки од 10 до 20%.  Во стоматологијата се користат капки од 2 до 4% прополис .

      * 20%-те прополис капки се применуваат на следниот начин:

      * 5-10 капки се ставаат во чаша топла вода, млеко или чај и по едно лажиче мед  или сок од лимон.

      * 5-10 капки се става на коцка шеќер или парче леб и се држи во устата додека прополисот не се апсорбира.

      * Ако 10-20 капки од 20% прополис раствор се стават во врела вода, се врши инхалација со прополис капките.

     * За секојдневна употреба како превентива и додаток во здравата исхрана се препорачува 3-4 капки 20% прополис наутро.

      * Ако завој се пропрска со прополис капки може да се користи за превивање за разни рани на кожата.

FOLLOW US

  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube

MORE FROM

Глигорови Пчеларство

Thanks for submitting!

© 2021 by GligoroviPcelarstvo. Proudly created with Wix.com 

bottom of page